Ѓорѓиев: Владата нуди мерки и можности младите да основаат бизнис преку самовработување

Bez autora
Aug 11 2014

Владата на Република Македонија со огласот кој трае до 22-ри август презема конкретни мерки во насока на намалувањето на невработеноста кај младите лица до 29-годишна возраст, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во пладневниот дневник на телевизијата Канал 5 и оцени дека досегашните резултати се „одлични и ги надминале очекувањата“. Станува збор за оглас кој е распишан и ќе трае до 22-ри август. Даваме поширок рок за да има поголем одѕив за да аплицираат младите. Содржи голем број мерки за различи категории граѓани, но значајно е да се истакне дека има можност доколку млади невработени лица под 29 години и под евиденција на Агенцијата за вработување на Република Македонија, може во група да аплицираат во АВРМ и да се стекнат со право да користат финансиска можност да основаат бизнис за самовработување, рече Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев: Владата нуди мерки и можности младите да основаат бизнис преку самовработувањеВладата на Република Македонија со огласот кој трае до 22-ри август презема конкретни мерки во насока на намалувањето на невработеноста кај младите лица до 29-годишна возраст, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во пладневниот дневник на телевизијата Канал 5 и оцени дека досегашните резултати се „одлични и ги надминале очекувањата“.

„Станува збор за оглас кој е распишан и ќе трае до 22-ри август. Даваме поширок рок за да има поголем одѕив за да аплицираат младите. Содржи голем број мерки за различи категории граѓани, но значајно е да се истакне дека има можност доколку млади невработени лица под 29 години и под евиденција на Агенцијата за вработување на Република Македонија, може во група да аплицираат во АВРМ и да се стекнат со право да користат финансиска можност да основаат бизнис за самовработување“, рече Ѓорѓиев.

Владиниот портпарол истакна дека распонот на средства кои може да се добијат е од седум до 23 илјади евра, со што основниот кредитобарател добива седум илјади евра, а другите четворица, што е максималниот број лица коишто може да аплицираат, добиваат по четири илјади евра, со што се добива максималната сума од 23 илјади евра.

„Рокот за поврат е седум години, со грејс период од 18 месеци и камата од 1 отсто на годишно ниво, што е навистина исклучителна можност“, појасни Ѓорѓиев

Вториот аспект, за кој информираше, се однесува за компании кои веќе функционираат и имаат потреба за вработување. Како што објасни Ѓорѓиев, доколку компаниите вработат лица под 29 години, притоа максималната бројка е три лица, добиваат по четири илјади евра за секое лице со рок на поврат од двет години, грејс период од 12 месеци и камата од 1 отсто на годишно ниво

Досега 1.730 компании побарале вработување на 3.004 млади лица, а досега се вработени 2.883 млади лица помлади од 29 години на целата територија на земјата, и тоа во секој град и од секаква образовна структура.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik